Финскиот министер: Се надевам дека до јули ќе влеземе во НАТО заедно со Шведска
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчеранавести дека Анкара може да се согласи Финска да влезе во НАТО пред Шведска, а слична изјава даде и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
„Наша горлива желба сè уште е да влеземе во НАТО заедно со Шведска“, рече Хаависто на прес-конференција во Хелсинки. Минатата недела Турција ги прекина преговорите со Шведска и Финска за НАТО поради протестите во Стокхолм каде демонстрантите го запалија Куранот.
Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО минатата година по руската инвазија на Украина, а тоа мора да биде одобрено од сите земји членки на Северноатлантската алијанса. Турција и Унгарија сè уште не ги ратификувале инструментите за нивното пристапување во Алијансата.
„Самитот на НАТО во јули во Вилнус се уште го сметам за важна пресвртница, кога се надевам дека и двете земји ќе бидат примени во НАТО, рече Хаависто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа