Избрани нови членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”

 

На денешната 20.седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, филмологот Мими Ѓоргоска Илиевска е избрана за претседател на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври” за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство во Републиката.

За нови членови на овој Одбор беа избрани Милован Стефановски, писател, Роландо Котиров, спортски работник, Љубиша Станковиќ, новинар, Љира Боку, писателка, Марија Пандевска, историчар, Томислав Османли, писател, Перо Арсовски, актер, Љуљзим Хазири, писател, Сергеј Андреевски, уметник, Лидија Милковиќ, доктор, Слободан Деспотовски, филмски работник и Елена Грујовска, универзитетски професор.

На дневен ред на оваа собраниска Комисија беше и точката Предлог-Деловникот за изменување на Деловникот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието. Претседателката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Марија Георгиевска информира дека до почетокот на денешното продолжение на 20. седница не се доставени предлози за изменување на Деловникот на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Таа потенцира дека за да може Комисијата да расправа по оваа точка потребно е предлозите за изменување на Деловникот на Комисијата да бидат доставени во писмена форма до претседателот, односно до Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Георгиевска ја прекина работата со оваа седница на Комисијата, а дополнително ќе бидат известени членовите на Комисијата за нејзното продолжување.

25.01.2023 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега