Предупредување од ЦУК: Можно излевање на Вардар кај Чегране

 

Регионалниот Центар за управување со кризи Гостивар известува, по пријавата од село Чегране, дека е можно излевање на реката Вардар во близина на бензиската пумпа во Чегране.

Согласно пријавата, се информирани субјектите за управување со кризи на локалната самоуправа, а и дежурните на ТППЕ Гостивар, ДЗС Гостивар и ЕСМ подружница ХЕЦ Маврово.

-Инаку, водостојот е зголемен заради зголемувањето на водостој на приклучните реки поради обилните врнежи од дожд и снег, согласно најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од 19 јануари.
Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците. Конкретно, УХМР пред 5 дена најави зголемени врнежи, топење на снег и дека се очекува дека хидолошката состојба да доведе до можни локани поплавувања. Во повеќе делови од земјата, како резултат на врнежите во изминатиот период и топењето на снегот, дека земјата е заситена со влага и се очекува брза реакција на помалите реки и суводилици низ земјава каде што на места се можни локални излевања. И, дека кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот а пред се на водотеците во западниот дел на земјата каде во сливот на р.Радика, р.Сатеска, р.Треска и горниот дел од сливот на р.Вардар се очекуваат значително високи водостои. Исто така, заради можноста од појава на поројни, интензивни врнежи, придружувани со засилен јужен ветер, можни се локални проблеми кај дел од градските урбани населени места каде што би се појавиле ваков тип на врнежи. Затоа предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, велат од ЦУК.

24.01.2023 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега