Шест земји изгубија право на глас на Генералното собрание на ОН

Венецуела, Либан, Јужен Судан, Доминиканската Република, Екваторијална Гвинеја и Габон го загубија правото на глас затоа што доцнеа со плаќањето на придонесите во буџетот на ОН.

Габон во моментов има претставник во Советот за безбедност кој ќе има двегодишен мандат и оваа одлука на генералниот секретар не влијае на неговото право на глас. Во Повелбата на ОН се наведува дека членовите чии долгови се еднакви или го надминуваат износот на нивните придонеси за претходните две полни години го губат правото на глас, пишува Асошиетед прес.

Сепак, на Генералното собрание му се дава овластување да одлучи „доколку неплаќањето се должи на фактори надвор од контрола на членката“, во кој случај земјата може да го задржи своето право на глас. Така, Генералното собрание одлучи дека трите африкански земји кои имаат заостанати долгови - Коморите, Сент Томас и Принципе и Сомалија - ќе можат да ги задржат своите гласачки права. И минатата година тие три земји го добија истото ослободување.

Во писмото, генералниот секретар ги наведува и минималните придонеси што треба да ги платат казнетите земји за да ги вратат своите права. Придонесите што треба да ги платат казнетите земји се: 76.244.991 долари за Венецуела, 1.835.303 долари за Либан, 619.103 долари за Екваторијална Гвинеја, 196.130 долари за Јужен Судан, 61.686 долари за Габон и 20.580 долари за Доминиканската Република.

21.01.2023 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега