Граѓаните на потег - Ден на идеи во Владата

 

Владата на Република Македонија, во рамките на своите заложби за активна партиципација на граѓаните во процесот на креирање политики и подобро функционирање на општеството и државните институции, денеска организира Ден на идеи.

-Целта на Денот на идеи е граѓаните на Република Македонија преку изнесувањето на корисни идеи, предлози, проекти и мерки од сите сфери на општественото живеење, директно да учествуваат во креирањето и реализацијата на владините политики придонесувајќи на тој начин во подобрувањето на состојбите во сите сегменти на општеството, информираат од Владата.

 

Денот на идеи ќе се организира во просториите на Владата на Република Македонија, во периодот од 10:00 часот до 16:00 часот, каде што граѓаните ќе може да им ги претстават своите идеи, предлози и проекти на претседателот и министрите во Владата на Република Македонија.

 

 

07.12.2013 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега