Кржаловски: И покрај санкциите Русија добила повеќе пари од ЕУ во 2022 отколку претходно

 

Аналитичарот Александар Кржаловски вели дека и покрај санкциите кои европските држави ѝ ги воведоа на Русија, таа инкасирала повеќе пари лани отколку годините претходно. Коментирајќи ги резултатите од анкетата на Детектор, Кржаловски вели дека и официјалните меѓународни институции го потврдуваат мислењето на македонските граѓани дека тие повеќе ѝ штетат на Европа отколку на Русија.

-Анализа на Политико која се базира на Еуростат покажува дека точно е оти е преполовена трговската размена на Европската унија со Русија, но заради енормниот пораст на цените на гасот и нафтата, всушност, Русија добила повеќе пари од ЕУ во 2022 отколку во 2021 година. Што на некој начин го потврдува тоа што го кажуваат и граѓаните дека, барем кај Русија е помал ефектот отколку што е штетата кон ЕУ. И би се согласил со ова, барем во оваа прва година е така, рече Кржаловски.

Според него, за Русија да почувствува удар од европските санкции потребно е Европа да стане помалку зависна од руските енергенси.

-Ефектите на санкциите ќе донесат повеќе резултати кога ќе се најде замена за тие извори на енергија, веројатно дури тогаш и ќе биде. Но, можеби војната ќе заврши до тогаш и пак, веројатно, нема да биде на исто ниво, но ќе се вратат односите на економска соработка. Затоа, не треба да гледаме во причините, туку во парите, како се движат кон едната или другата страна, кому ова му одговара, а кому не, рече Кржаловски.

 

15.01.2023 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега