ЕСМ вчера продавала вишоци на струја
АД ЕСМ вчера произведе 18.543 мегават часа електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните произведени се 15.589 мегават часа, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.954 мегават часа.
-Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продаде 330 мегават часа ноќни вишоци електрична енергија, информираат од Владата.
15.01.2023 - 12:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа