ВИДЕО: Џамбаски од Скопје порача „да живее Бугарска Македонија“

 

Со зборовите „Вечна памет на Мара Бунева“ и „Да живее Бугарија! Македонија е бугарска!“ бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски и членовите на бугарската Фондација „Македонија“ денеска пред спомен-плочата на Бунева го одбележaa денот кога била убиена македонската револуционерка.

Сепак, реториката на Ангел Џамбаски во интервју за „Слободен печат“ беше умерена, истакнувајќи дека Бунева не треба да биде лик кој ќе ги дели Македонците и Бугарите.

-Не треба да не гледате како противници, ние сакаме да се обединеме, ние сме братски народ. Моите предци се од Битола … Во Македонија има луѓе кои се нарекуваат Македонци. И ние го почитуваме тоа. Ние ќе го браниме нивното право да се нарекуваат како што сакаат. Ние со нив немаме спор. Нашите спорови се на север од Македонија, на запад и на југ. Ние во Македонија и со Македонија немаме спор“, изјави Џамбаски.

Дополнително тој истакна дека политиката меѓу двете држави ја прави поделбата на историјата, па потенцираше дека народот во Македонија и Бугарија не треба да дозволи да го надвладее омразата.

14.01.2023 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега