Не му е прво бегство од македонските затвори: Познат идентитетот на затвореникот кој вчера рани полицаец и избега од затвор
Затвореникот кој вчера пукаше и рани во стомакот затворски чувар при неговиот транспорт до болница во Скопје, е всушност Беким Мемети, осуден за убиство во Мала Речица, пренесе Телма.
Но, телевизијата пренесува дека ова всушност не било негово прво бегство од затвор.
Во 2008-ма во декември полицијата го уапсила Беким Мемети тогаш на 21-годишна возраст. Бил бегалец од затвор иако требало да отслужи затворска казна од вкупно 5 и пол години затвор за разбојништво и за недозволено држење на оружје.
Претходно Беким Мемети бил уапсен и суден за извршено разбојништво. делото и бил предаден во тетовскиот затвор. Тетовскиот суд за стореното дело разбојништво го огласил Мемети за виновен изрекувајќи му затворска казна од две години.
По изрекувањето на казната Мемети бил пренесен во тетовскиот затвор од каде по осум дена побегнал. Мемети за разбојништвото требало да отслужи уште 5 и пол години затвор за сите извршени кривични дела.
По вторпат Мемети бега во септември 2016-та кога во Мала Речица вади пиштол и убива едно лице при расправија на две групи.
Во 2020-тата година, бегството му завршува со апсење во Берлин во Германија од каде е екстрадиран во Македонија. Бил осуден на 20 години затвор во отсуство за убиството. Исто така имал уште една пресуда од две години затвор за разбојништво што значи дека и претходната казна не ја издржал туку успеал да избега.
Во повтореното судење за убиството, Мемети е осуден на 19 години затвор, но синоќа повторно бега од затворско комбе на пат кон болница. При бегството Мемети ранил затворски чувар од кого го зел пиштолот.
Истрагата сега расветлува зошто затворските чувари тргнале на пат без да повикаат полициска придружба бидејќи станувало збор за ризичен затвореник. Ранетиот чувар бил погоден во стомак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа