Земјотрес ја стресе Македонија, епицентарот во Радовиш

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 12.01.2023 година регистрираше земјотрес кој потекнува од епицентралното подрачје Радовиш.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 03 минути со Рихтерова локална магнитуда M L 2.7 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот беше почувствуван од населението во Радовиш и околината.

12.01.2023 - 23:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега