ВИДЕО: На демонстрации во Шведска обесија кукла на Ердоган, Турција со остра реакција
Турција денеска го повика на разговор шведскиот амбасадор во Анкара, Стефан Херстром поради демонстрациите во Стокхолм на кои маскота од претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, виси обесена за нозе, изјавил дипломатски извор.
„Истакнато е нашето очекување дека учесниците во инцидентот ќе бидат идентификувани, ќе бидат спроведени потребните процеси и Шведска ќе ги исполни своите ветувања“, рекол неименуван дипломатски извор, пренесува „Reuters“.
Шведското Министерство за надворешни работи сè уште не одговорило на барањето на агенцијата да даде коментар. Шведска по рускиот напад на Украина побарал одобрување од Турција да пристапи во НАТО.
Анкара навела дека Шведска треба да заземе појасен став против терористите, во главно курдските екстремисти и организации кои ги обвинува за обидот за државен удар во 2016-та година.
На снимката која ја објавиле провладините турски медиуми се гледа протестот на членовите на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во текот на кој обесиле маскота од Ердоган пред градското собрание во Стокхолм. На снимката се гледа присуство на многу мал број на луѓе.
Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром рекол дека Стокхолм го осудува инцидентот, но споменал ниедна земја директно.
„Владата заштитува отворена дебата за политички избори, но се дистанцира од закани и омраза против политички претставници“, навел тој на Твитер.
„Тоа што терористите на ПКК можат да ја предизвикаат шведската влада во срцето на Стокхолм е доказ дека шведските власти не преземале неопходни чекори против тероризмот“, навел на Твитер директорот за комуникации на турското претседателство, Фахретин Алтун.
Erdogan’s mannequin has been executed in Sweden’s Stockholm, which drew strong criticism from the Turkish leadership
The Swedish FM in response says “Portraying a popularly elected president as being executed outside City Hall is abhorrent.”
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) January 12, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа