Русија: ЕУ станува вазал на НАТО
Русија денеска оцени дека Европска Унија станала вазал на НАТО, алудирајќи на нивната заедничка декларација за зајакнување на соработката поради војната во Украина.
Денес сме соочени со најголемата закана за евроатлантската безбедност во изминатите децении. Суровата руска војна против Украина го прекршува меѓународното право и принципите на Повелбата на ОН, се наведува во вчера потпишаната декларација на ЕУ и НАТО.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска оцени дека тоа ја потврдува целосната потчинетост на ЕУ на задачите на НАТО, кој е инструмент што насилно ги гарантира американските интереси.
Таа наведе дека Европејците ќе се соочат со „незавидна судбина на американски вазал, губење на нивните позиции во светската политика и економија, и ќе паднат во сè поголема зависност од Вашингтон на секој чекор“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа