Заврши увидот на обвинителството за двојното убиство во Скопје: Телата на обдукција, трагите на вештачење
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во стан на улицата “Рузвелтова” каде, според првичните сознанија, 40-годишен маж ги лишил од живот неговите мајка и баба.
Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на лице место.
11.01.2023 - 18:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа