Сите 1.600 вработени социјално загрозени лица ќе бидат згрижени

 

Директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски денеска истакна дека сите 1.600 лица од социјално ранливи категории кои добија работа со помош на Владата, ќе бидат згрижени. Тој појасни дека 650 до 700 луѓе од огласот за вработување на 1.600 лица од социјално загрозените семејства се веќе превземени од други државни органи и започнаа со работните обврски.

- Процедурата на пријавување и превземање се одвива секојдневно. Неколку институции треба да потпишат додека се пријават и одјават и затоа не може да се заврши се во еден ден. Секојдневно од 100 до 140 апликации се решаваат, рече Караџоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во ЈП Македонски шуми.

За оние вработени на огласот кои не ги прифаќаат новите работни места кои им се нудат на новото работно место, Караџоски вели дека За да се превземе работник се потпишува спогодба меѓу правното лице од кое доаѓа и правнотолице во кое оди и секако со вработениот. Доколку вработениот не сака да потпише спогодба никој не може да го присили. Сите оние кои не сакаат да ги прифатат работните места кои им се понудени по преземањето имаат право да се откажат. На нивно место ќе дојдат другите пониско рангирани на огласот на кој имаше 25.000 апликации за 1.600 места и појасни дека ите се понудени да учествуваат во проектот доброволно, бидејќи никого со сила не можете да натерате да превземе вработени. Ако Владата пуштила препорака до некоја институција или локална самоуправа да преземе дел од вработените од огласот за прием на 1.600 лица во ЈП Македонски шуми не значи дека мора да превземат. Во секој случај секој од 1.600-те лица ќе биде згрижен.

Караџовски информираше дека ЈП Македонски шуми во последните пет години редовно зема плата со што, додаде, се потврдува дека претпријатието нема никакви долгови кој ПИОМ или УЈП. 

06.12.2013 - 14:18
Фото: 
охридњуз

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега