Хаос во САД и Канада: Најмалку 38 загинати во снежното невреме

 

Најмалку 38 лица настрадаа во силната зимска бура што ги погоди САД и Канада. Според официјални податоци, 34 лица загинале ширум САД, а најтешко е погоден градот Бафало во државата Њујорк, каде што животот го загубиле 12 лица. Четири лица загинаа во Канада кога автобус се преврте при движење на замрзнат коловоз кај градот Мерит, во западната провинција Британска Колумбија.

Силна зимска бура го зафати североамериканскиот контитнет, од Канада на север до Рио Гранде на југ. Синоптичарите очекуват невремето да попушти следните неколку дена, но останува советот да се избегнува патување доколку не е апсолутно неопходно.

Помалку од 200 илјади домаќинства останаа без електрична енергија вчера попладнето, што е многу подобро октолку ситуацијата во саботата кога без струја беа 1,7 милиони објекти.

Илјадници летови беа откажани, спречувајќи многу луѓе да стигнат до своите семејства за Божиќ. Најголем број жртви поради снежното невреме има во Бафало – дванаесет, а загинати има и во Вермонт, Охајо, Мисури, Висконсин, Канзас и Колорадо.

Најпогодена со невремето е западната американска држава Монтана, каде температурата се спушти и до 45 степени Целзиусови под нулата. Во Канада, невремето најмногу ги погоди провинциите Онтарио и Квебек.

26.12.2022 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега