Во Шпанија уапсен еден од десетте најбарани бегалци на ФБИ

 

 

Шпанската полиција соопшти денеска дека во Мадрид уапсила Новозеланѓанец осуден на доживотен затвор во САД за сексуални злосторства и педофилија, и посочи дека тој е меѓу десетте најбарани бегалци на американското Федерално истражно биро (ФБИ).

Полицијата соопшти дека 40-годишниот Новозеланѓанец е уапсен откако вчера бил забележан во хотел во центарот на Мадрид, каде отседнал под еден од лажните идентитети кои ги користел за да не биде фатен.

Полицијата не го соопшти целото име на бегалецот, туку само неговите иницијали „МЈП“.

Станува збор за еден од „десетте најбарани бегалци“ на ФБИ за кои е издадена потерница од 100.000 долари, додаде полицијата.

Според извори блиски на случајот, станува збор за Мајкл Џејмс Прат, осуден на доживотен затвор во САД поради детска порнографија, сексуална експлоатација, сексуален напади и незаконско богатење.

Според сајтот на ФБИ, тој преку мали огласи за работа во манекенство регрутирал неколку девојки и жени во САД и Канада меѓу 2012 и 2019 година и ги принудувал на сексуални дејствија.

Обвинетиот, сопственик на една продукциска ќуќа и порнографски сајтови, ги објавувал видео снимките и на тој начин стекнал околу 17 милиони долари. Прат побегнал после изрекувањето на пресудата и за него од 2019 година е издадена меѓународна потерница.

23.12.2022 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега