Османи: За дојавите за бомби во земјава ги алармиравме структурите на НАТО
Министерот за надворешни работи Бујар Османи при денешната посета на Општина Липково информриа дека вчера се алармирани структурите на НАТО за континуираните дојави за бомби во земјава.
Османи потенцраше дека се работи за хибридни закани што се случуваат и во регионот.
– Ова се случува и во регионот. Црна Гора одлучи училиштата да бидат онлајн поради секојдневните предупредувања за експлозивни направи. Истото се случува и во Хрватска. И ова ми даде сигнал дека тоа е регионален пристап како хибриден напад врз регионот, за што беше и еден начин за да ја алармираме НАТО. Вчера комунициравме со структурите на НАТО за да видиме каков хибриден пристап кон регионот може да се случи, која може да биде причината, рече Османи.
Министерот Османи информира дека за форензиката на е-маиловите со закани контактираат и со другите партнери со кои земјава има билатерални односи за, како што рече, да видиме од каде доаѓаат изворите на овие елекстронски пораки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа