Општина Аеродром: Сите дечиња се на безбедно, откако добивме дојава за поставени бомби

 

Сите дечиња се на безбедно до завршувањето на проверките, информираат од Општина Аеродром во соопштение до медиумите.

„Имајќи ги предвид информациите за поставени бомби во основните училишта во Аеродром, апелираме на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во овие случаи.

Благодарение на брзото постапување, до сега сите дечиња се на безбедно, придружувани од своите родители или наставниот кадар. Според информациите кои ги поседуваме, во сите училишта е спроведен планот за евакуација, кој предвидува децата да бидат на безбедна дистанца од училиштата“, велат од општината.

„Истовремено, родителите се повикани доколку се во можност, да ги земат своите деца од училиште. Општина Аеродром одржува редовна и постојана комуникација со полициските службеници од Министерството за внатрешни работи. Сите наши ресурси се ставени на располагање до целосно завршување на потребните проверки“, допонуваат оттаму.

15.12.2022 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега