„Отвореност и слобода-европска Македонија“
Alpbach Macedonia денеска во Скопје организира тркалезна маса насловена „Отвореност и слобода-европска Македонија“ на која ќе се обратат Ерхард Бусек, како претставник на Европскиот форум Albach од Австрија, австрискиот амбасадор во Македонија Томас Михаел Баер, амбасадорот на ЕУ Аиво Орав и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.
Предвидено е на тркалезната маса да учествува и Радмила Шекеринска во својство на поранешен вицепремиер за европски прашања и професорите Нано Ружин од ФОН Универзитетот, кој е поранешен амбасадор на Македонија во НАТО и професорот Илбер Села од Институтот за политички и меѓународни студии во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа