Анализа на „Пари“: Кои се топ 10 компании во Македонија, целосно управувани од жени и колкави плати им даваат на вработените?

 

Во топ 10 фирми по приходи, кои се целосно управувани од жена, порталот „Пари“ прави анализа во врска со тоа колкави плати даваат дамите и дали се всушност „дарежливи“ кон своите вработени. 

Анализата на платите на 9-те најпрофитни компании стопроцентно управувани од жена, што ја направи ,,Пари” со податоци од платформата Бизнис Мрежа.мк, покажува дека во пет компании просечната нето-плата е поголема во 2022 отколку во 2021 година, а во четири е помала.

Зголемување на платите има во: Биотек, Стокомак, Пуцко петрол, Автонова и Камчев груп. Намалување на платите има во: Металопромет, Старкон шипинг, Синерџи медикал и Рамстор Македонија.

Најголем скок има кај платата во Биотек ‒ од 52.532 денари на 127.121 денар просечна нето-плата. Но, да потсетиме, Биотек во 2021 година правеше и ковид-тестови. Пандемијата почна во 2020 година, а цела 2021 година беше тешка пандемиска година и многу граѓани се тестираа токму во лабораторијата Биотек.

Во продолжение погледнете ги топ 10те компании во Македонија, управувани од жена, кои најмногу профитирале, колкава била нето-платата, како бројот на вработени во 2021 и 2022 година. 

 

Целата анализа направена од порталот „Пари“ прочитајте ја ТУКА. 

 

13.12.2022 - 09:55
Фото: 
Принтскрин портал „Пари“

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега