Јанкулоска: Се уште трае истрагата за кражбата во Музејот на Македонија
Се уште трае истрагата за кражбата на артефакти во Музејот на Македонија, информираше денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
- Се уште не би оделе со конкретизација на одговорноста, инаку несомнено одговорност треба и мора да има. Се работи за една комплексна активност, која опфаќа многу анализи за кои е потребно време да бидат стручно и професионално спроведени, истакна Јанкулоска.
Таа информираше дека голем дел од работата е завршена во делот на тоа, кој треба да даде исказ, да биде сослушан и што треба да биде изанализирано во Музејот.
- Лицата што требаше да дадат исказ и да се провери автентичноста и вистинитоста на нивниот исказ преку полиграф е веќе завршена. Има еден друг сегмент, сепак, треба многу постручна и подетална анализа, која уште трае и додека не бидеме сигурни дека сите аспекти на проблемот со кој се соочуваме се добро изанализирани и разработени би било добро движењето на тој простор да биде ограничено, додаде министерката Јанкулоска, одговарајќи на новинарско прашање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа