Се шишаме и донираме
Општина Центар во соработка со берберниците Rera, Mr.Barber, Popeye, Cimer и Tose Stance ја реализираа големата хуманитарна акција „Се шишаме и донираме” на територија на општината.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги посети сите пет берберници за да види како се одвива иницијативата и донираше финансиски средства за да донесе радост онаму кадешто е најпотребно во пресрет на новогодишните празници.
“Среќен сум што хуманоста нѐ зближува, голем број граѓани донираа. Моја огромна почит до бербениците Rera, Mr.Barber, Popeye, Cimer и Tose Stance за заедничката хуманитарна акција „Се шишаме и донираме”. Во следниот период продолжуваме со слични активности”, вели Герасимовски.
Сите мажи кои вчера се шишаа или бричеа во некоја од овие пет берберници паричните средства што ги платија како услуга ги донираа во хуманитарни цели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа