Иванов ќе го одликува Виктор Орбан со Орден „8 Септември“

 

Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, денеска ќе го одликува премиерот на Унгарија  Виктор Орбан. Свеченоста ќе се одржи во вилата Водно, а премиерот ќе биде одликуван со орден „8 Септември“ во знак на благодарност на Унгарија за нејзиниот пријателски однос, за силната поддршка во исполнување на стратешки цели на Република Македонија и за принципиелниот однос кон уставното име.

Унгарија покажува силна поддршка за евроинтеграциите на Република Македонија, за време на нивното претседавање со Европскиот совет, а унгарскиот премиер Виктор Орбан, отворено и во неколку наврати го истакнал својот став дека ја поддржува Македонија за отворање на преговорите со Европската Унија

Претходно, македонскиот претседател со Орден „8 Септември“ го одликуваше и полскиот претседател Бронислав Коморовски.

05.12.2013 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега