(ВИДЕО) Невидени сцени досега на еден Мундијал: Иранците си ја бојкотираа химната, протестирајќи против режимот

 

Фудбалерите на Иран допатуваа неволно на Светското првенство во Катар каде денеска со дуелот против Англија го започнаа Мундијалот.

Поголемиот дел од нив жестоко протестираа против полициското насилство над жените во нивната земја. А, се започна од бруталното убиство на 22-годишната Махсе Амини која со живот плати поради неправилно носење на хиџаб.

Следеа тогаш жестоки протести на улиците во Иран, а уапсени и претепани беа голем број лица. Шеријатската полиција не бираше кого ќе претепа и затвори.

Токму поради сето тоа, фудбалерите и навивачите на Иран одлучија да ја бојкотираат сопствената химна протестирајќи против режимот во својата земја пред денешниот почеток на мечот со Англија.

21.11.2022 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега