Поддршка од Шведска за датум за пристапни преговори на Македонија
Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска за време на работната посета на Кралството Шведска, се сретна со министерот за европски прашања Биргита Улсон, членови на Комисијата за ЕУ во шведскиот парламент, Валбурга Хабсбург Даглас и Фредрик Федерлеј, како и со државниот секретар во шведското Министерство за надворешни работи Франк Белфраге.
За време на средбата уште еднаш била потврдна поддршката за евроинтеграциите на Македонија од страна на Шведска.
- Шведското претседателство со ЕУ во 2009 имаше значајна улога за Република Македонија, за добивање позитивен Извештај од Европската комисија и препорака за пристапните преговори, како и за добивање на визната либерализација со ЕУ, посочил вицепремиерот Бесими за време на средбата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа