Изгласани измените на Законот за исплата на платите
Собранието денеска го изгласа Законот за изменување на Законот за исплата на платите, по скратена постапка, на попладневно продложение на 77. седница.
Заменик министерот за труд и социјална работа Ибрахим Ибрахими образложи дека платите во јавната администрација не можат да бидат зголемени поради светската и европската криза. Пратеничката група на СДСМ не го поддржа законот, бидејќи, според нив, власта по петти пат одлага зголемување на платите во државната и јавната администрација.
Со законот се овозможува, наместо во декември годинава, зголемувањето на платите на вработените во јавниот сектор за 5 проценти, да се реализира во октомври следната година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа