Пандев сака својата кариера да ја заврши во Наполи

 

Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев изјави дека би сакал кариерата да ја заврши во Наполи тимот кој што во моментов настапува

Договорот му трае уште 1,5 години, но како што самиот струмичанец вели не би имал ништо против истиот да биде продолжен. 

-Во моментов имам договор кој има важност уште 1,5 годинa. Многу сум среќен во овој тим и би сакал Наполи да биде мојот последен тим, вели Пандев кој притоа додава:

-Доколку бидам приморан да го сменам клубот, тогаш би се одлучил за тим надвор од Италија, вели македонскиот напаѓач.

Поранешниот играч на Интер досега во дресот на Наполи одигра на 12 првенствени меча, а четири пати успеа да ја затресе противничката мрежа. Последниот погодок го постигна на мечот против Лацио во Рим. натпревар кој го доби составот на Рафа Бенитез со 4:2.

03.12.2013 - 15:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега