Пешевски го посети Крушево
Вицепремиерот Владимир Пешевски денеска ги посети подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Агенцијата за катастар на недвижности во општина Крушево, и одржа средба и со претседателот на Советот на општина Крушево Нико Чонески.
Како што се наведува во соопштението, посетите на подрачните единици беа реализирани со цел на терен во директна комуникација со вработените да се добијат сознанија за предизвиците со кои се соочуваат вработените и да се слушнат нивните сугестии и предлози за подобрување на системот и условите за работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа