Внимавајте каде паркирате: „Пајакот“ крена 128 возила во Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар сооопшти дека Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 234 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Како што информира ЈП Паркинзи, во периодот од 17.10. до 23.10.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 128 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа