Не паничете: Утре во Скопје ќе се снима филм со огнено оружје

 

Утре продолжува снимањето на филмот „Син портокал“. Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе се снимаат сцени со огнено оружје.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од страна на менаџерот на продукција на играниот филм „Син портокал“ сме известени дека од утре, 23.10, до 25.10.2022 во периодот од 09.00 до 18.00 часот во објект на ул.„Фредерик Шопен“ во Скопје ќе се снимаат сцени за филмот во кој ќе биде употребено огнено оружје, велат од МВР.

 

22.10.2022 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега