Антиќ: Да ми се јавеа еден ден покасно ќе потпишев за Европа (ВИДЕО)

 

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ во интервју за Гласот на Америка на македонски, вели дека да му се јавеле само еден ден подоцна од НБА, тој ќе потпишел за Европа. 

 -Побрзо се игра.  Во НБА, буквално, се е` во физичката надмоќност.  И за време на натпревар во кој имате предност од 14 коша, и да има уште два минути до крајот, се шутира.  Во Европа, играта е побавна, се` „држи“ резултатот.  Таков е тука системот и мора да се прилагодам, вели Антиќ.

Кошаркарот додава и дека дошол во Атланта поради тренерот кој му се јавил пет пати: - Еден ден да се јавеше покасно, ќе потпишев во Европа“, вели Антиќ.

Антиќ се надева дека ќе ја претставува Македонија во најдобро светло и од се` срце благодари за поддршката на македонските иселеници во САД.

Погледнете го интервјуто...

 

03.12.2013 - 10:58
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега