Славески: Ми приоѓаат вработени кои велат дека се малтретирани од Арсовска
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вечерва информира за проблем oколу третманот на вработените во јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
-Јас добив пред неколку дена допис за информирање како претседател на Советот на Град Скопје. И таму ги има подетално овие наводи што се кажуваат. Морам да истакнам дека речиси целиот овој период по стапувањето на должност од страна на градоначалникот Арсовска, особено во последниот период стигнуваат вакви жалби од вработени не само во јавните претпријатија, туку посебно од сменетите и новоназначени В.Д. директори. Ние сме подготвени во рамките на надлежностите на Совет ако треба ќе формираме и посебно тело, комисија, некој вид на омбудсман да ги сослушаме жалбите на вработените, рече Славески.
Според него, преку Управните одбори Советот може да побара дополнителен извештај, искази или сослушување на вработените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа