Стојановски: Тоа што се договори денеска за ЈСП, можеше и вчера на седница

 

Претседателот на синдикатот на ЈСП при ССМ, Миќо Стојановски на гостувањто во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 кажа дека договор за проблемот можел да се постигне уште вчера.

„Се надевам дека нема да се повтори ситуацијата како утрово и се надеваме на трајно решение. Тоа што се договори денеска, можеше да се случи и вчера на седница“, вели Стојановски.

Стојановски кажа дека сака да се осигура дека вработените барем во следните три месеци ќе ги поминат со целосни плати.

20.10.2022 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега