ВИДЕО од досега невидениот момент: Погледнете како Славески и го зграпчи микрофонот на Арсовска
Повторно изби расправа меѓу претседавачот со Советот на град Скопје, Трајко Славески и градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска на денешната вонредна седница за решавање на проблемот со платите во ЈСП Скопје.
Имано, кавгата кулминираше кога Славевски се пожали дека му бил исклучен системот со кој може да ги прекинува говорите на советниците и порача дека ќе стане и ќе го повлече микрофонот затоа што тоа го заслужува.„СНие се малтретирани овде поради вас, дополнителни три часа. Досега ќе ја изгласавме иницијативата. Не се расправајте со советниците. Поради вашето вакво однесување, се малтретираме овде“, ѝ рече Славески на градоначалничката.
Таа пак му порача дека не може повеќе да се однесува како деспот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа