ЈСП: 20 луѓе од ССМ ги спречуваат возачите да одат на работа, ќе си добијат кривични пријави

 

Од утринава, дваесетина луѓе од ССМ и т.н. независен синдикат на ЈСП спречуваат возачите на  автобуси редовно да си ги вршат своите работни задачи, спротивно на член 35 од Законот за Јавните претпријатија со кои се уредува начинот на штрајк.  Овие дваесетина лица немаат штрајкувачки одбор, ниту пак имаат пријавено редовен штрајк. Оваа порака утрово ја испраќаат од ЈСП Скопје во соопштение до медиумите. Тие потенцираат и дека ќе поднесат кривични пријави за 20тината синдикалци.  

„Дури и во случај да го имаа редовно пријавено штрајкот, истите согласно Законот за јавни претпријатија мораат да обезбедат редовно функционирање на претпријатието додека трае штрајкот.

Поради ова, Град Скопје ќе ги почитува законските мерки и ќе поднесе соодветни кривични пријави против лицата кои го попречуваат редовното функционирање на јавното претпријатие и го држат во заложништво Скопје и скопјани.

Уште вчера Град Скопје подготви одлука за пренамена на средства со кои ќе се обезбеди исплата на последната плата која доцни 5 дена поради неисплата на долгови кон претпријатието од страна на Министерство за образование и општините“, се наведува во соопштението на ЈСП Скопје.

Апелираме до членовите на управниот одбор на ЈСП да постапат согласно нивните законски обврски, во спротивно ќе бидат дел од кривичната пријава поради незаконско организирање на штрајк и попречување на работата на претпријатието, додаваат од јавното претпријатие.

20.10.2022 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега