Попоски на средба со претставници на ЕУ и НАТО во Брисел

 

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел. 

Предвидено е министерот да учествува на конференцијата на високо ниво посветена на евроинтеграцијата на балканските држави, во организација на реномираниот тинк-тенк „Пријатели на Европа“ и „Фондацијата Конрад Аденауер“, а исто така ќе оствари средби и со високи претставници на ЕУ и НАТО. На конференцијата ќе учествуваат и комесарот за проширување Штефан Филе, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак, европратеничката Дорис Пак, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Вјекослав Беванда, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Црна Гора Игор Лукшиќ, албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, како и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ.

Попоски ќе учествува на редовниот годишен состанок на министрите за надворешни работи на Северно – атлантскиот Совет на НАТО во ИСАФ формат, што ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел.

03.12.2013 - 09:28
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега