Утре и задутре делови од Скопје ќе останат без вода

 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги  известува граѓаните дека:

„На ден 18.10.2022 година (вторник), поради поврзување на нова и стопирање на стара водоводна мрежа на ул. Букурешка 103, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од: ул. Букурешка и дел од улиците: Париска и Прашка. (Општина Карпош)“, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи.

Исто така се додава дека еден ден подоцна, односно на 19.10.2022 година (среда), поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм во непосредна близина на пумпната станица во Драчево,  од 08:00 часот до завршување со работните активности,  прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селата: Батинци и Љубош. (Општина Студеничани).

17.10.2022 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега