Попоски во дводневна посета на Брисел

 

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од утре ќе престојува во дводневна посета на Брисел, каде што ќе оствари повеќе средби со претставници на ЕУ и НАТО.

Министерот Попоски ќе учествува на конференцијата на високо ниво посветена на евроинтеграцијата на балканските држави, во организација на реномираниот тинк-тенк „Пријатели на Европа“ и „Фондацијата Конрад Аденауер“. Како што соопштуваат од македонското МНР, предвидено е Попоски да има средби со претставници на европските институции и да учествува на традиционалниот “Европски молитвен појадок“ во Европскиот парламент. На конференцијата учество ќе земат комесарот за проширување Штефан Филе, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак, европратеничката Дорис Пак, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Вјекослав Беванда, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Црна Гора Игор Лукшиќ, албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, како и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ.

Министерот Попоски ќе учествува на редовниот годишен состанок на министрите за надворешни работи на Северно – атлантскиот Совет на НАТО во ИСАФ формат, што ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел. 

02.12.2013 - 14:32
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега