НБА играч конечно по осум години погоди за тројка
Брендон Бас можеше да замине во пензија, а притоа како играч на НБА да не погоди за шут од три поени. Искусниот кошаркар на Бостон „Селтикс“ успеа да ја погоди првата тројка во најсилната кошаркарска лига на светот и тоа после осум години поминати на НБА паркетот.
Ваквото нешто му успеа на мечот против Кливленд во кој неговиот тим славеше со 103:86.
Интересно е тоа што Бас и не е толку лош шутер, но факт е дека овој искусен кошаркар и не се обидуваше премногу со обидите од три поени.
Пред мечот со Кливеленд, тој имаше 16 неуспешни обиди од линијата за три.
Инаку, вакви нешта се случувале и во историјата. На пример, Шекил О’Нил уфрлил три поени во својата четврта сезона, а Двајт Хауард во третата. Толку од „Супермените“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа