Радост за студентите -идната година ќе се реконструираат студентските домови
Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска изјави дека МОН планира реконструкција на дел од студентските домови во 2014 година.
- Има потреба за реконструкција и ние веќе имаме план за реконструкција во 2014 година, со оглед на стартот на новата буџетска година и нашите обврски како ресорно Миниистерство, изјави ресорниот министер Спиро Ристовски.
Министерот изјави дека се планира и санација на домот Гоце Делчев каде што повторно избувна пожар: - - Станува збор за обид за подметнување на пожар. Благодарение на правовремената реакција на Противпожарната служба, како и на самите студенти и Управата на Студентскиот дом, причинета е незначителна материјална штета. Не се оштетени соби на студенти, туку е зафатен дел од ходникот. Студентскиот центар набрзо ќе ја санира штетата, рече Ристовски, нарекувајќи ги шпекулација некои медиумски написи кои објавиле дека во пожарот се пеплосани соби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа