Опседнат обожавател се заканува со секс снимки, а Рада Манојловиќ се огласи со зборовите на нејзиниот татко
По тврдењата на „опседнат обожавател“ дека ја снимал додека таа била интимна со него, се огласи и Рада Манојловиќ која откри за што се работи.
Имено, Манојловиќ ги искористила зборовите на нејзиниот татко за да го објасни тоа што го прави овој млад човек.
-Ќе искоментирам со зборовите на татко ми: „Ќерко, биди среќна што од толку лудаци на слобода, само еден ти се залепил“ – рече Рада.
Станува збор за опседнат фан кој ја следи пејачката на социјалната мрежа Инстаграм, често оди на нејзините настапи и сака да се фотографира со неа.
Инаку, тој распиша „аукција“ на која тој што ќе понуди најмногу пари наводно добива видео од хотелот во кој наводно бил интимен со Рада Манојловиќ.
За ноќта помината со неа вели дека платил 10.000 евра!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа