Спортска и техничка опрема за училиштата од руралните средини

 

Министерството за образование и наука заедно со Агенцијата за млади и спорт започна акција за распределба на спортска и техничка опрема на општините за потребите на основните училишта во руралните средини.

- Се работи за поголема количина на спортска и техничка опрема којашто неодамна беше во сопственост на Агенцијата за млади и спорт. Станува збор за околу 1.000 фудбалски, кошаркарски, ракометарски и одбојкарски топки, 28 пинг-понг маси, 200 шаховски табли, 208 домино сетови, 280 бекгејмон дрвени табли, 123 „Guess who adult“ игри, како и 20 мини ДВД системи, 20 ЛЦД проектори со платна и торбици, 19 дигитални камери и 9 фотоапарати. Оваа опрема МОН без надомест ќе ја распредели на 174 основни училишта кои се наоѓаат во рурални средини во 67 општини, информира на денешната прес-конференција министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски рече дека акцијата е во согласност на Програмата за развој на спортот 2013 - 2017 година кој ја има донесено Владата на Република Македонија.

- Во делот од развојните сегменти се третира и училишниот спорт. Токму преку донирањето на спортската опрема се дава прилог во развој на училишниот спорт во државата, а со тоа и постигнување на ниво на рана спортска специјализација. Тоа понатаму е услов за квалитативно подобрување на врвниот спорт, истакна Пујовски.

 

02.12.2013 - 12:16
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега