Кочовска: Зборуваме за свеќи кои што ќе ги користиме зимава по дома затоа што ќе немаме ни за осветлување
Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната нејзина посета во Македонска Каменица се осврна и на енергетиката односно какви состојби може да се очекуваат на енергетски план и потенцираше дека состојбата во енергетиката е катастрофална и дека надлежните немаат никаков план и дека плановите се правеле порано.
Состојбата со енергетиката е катастрофална, јас не верувам дека тие имаат воопшто некаков план бидејќи планот се правеше неколку месеци претходно. Во тој период за жал Владата не убедуваше дека состојбата е под контрола, дека ќе имаме планирано производство и за сметка на тоа сега гледаме во последниот месец како трчаат како избезумени во Бугарија, во Грција молат, коленичат за да обезбедиме струја, гас. Очигледно е дека ништо од тоа нема да се случи, но она што најмногу ме загрижува е тоа што не можат да обезбедат ниту пари затоа што во овој момент нас ќе ни требаат многу пари за да можеме таа струја да увеземе и да ја платиме, рече Димитриеска Кочоска.
Потпретседателката исто така посочи дека поради ваквите катастрофални состојби оваа влада треба да си оди, под итно треба да си поднесат оставки и да има предвремени парламентарни избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа