(ВИДЕО) Градоначалничката Арсовска не е загрижена дали советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе и отповикаат поддршка
Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје не е загрижена дали советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе и отповикаат поддршка по разрешувањето на директорот на Водовод, Златно Перински. Овој став го изјави на денешната прес-конференција организирана од Златко Перински, на која и „упадна“, се појави ненајавена.
-Aко борбата со вакви работи кои што се случуваа до сега треба да биде причина некој да отповика поддршка дома нека отповика. Советниците треба да гласаат во интерес на скопјани, граѓаните се важни тука. Ниту една партија не е важна. Нема ниту еден поединец кој е поважен од волјата на граѓаните и од програмата која ја имаат избрано на овие избори. Доколку одлучат дека не сакаат проектите за Скопјани да ги поддржуваат таму одговорноста е кај нив, не кај градоначалникот. Секој си одговара за сопствените постапки, вели Арсовска.
Имено Перински беше разрешен откако фаворизираше една компанија во тендерската постапка за изградба на пречистителна станица на реката Вардар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа