Град Скопје: Секретарот Велковски беше разрешен заедно со Перински во петокот
Во петокот разрешен е од функција Секретарот на град Скопје Ѓоко Велковски, информираат од Град Скопје во соопштение испратено до медиумите, веднаш откако секретарот на град Скопје, Велковски на социјалната мрежа Фејсбук, напиша дека е разочаран од слабиот потенцијал на градоначалничката Данела Арсовска.
„Од функцијата Секретар на град Скопје, во петокот разрешен Ѓоко Велковски, а причина за разрешувањето е неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ЕИБ.
Велковски, во петокот е разрешен заедно со в.д директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје Златко Перински поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач во милионски тендер.
Градот Скопје нема да дозволи расипничко трошење на парите на скопјани, ниту финансирање на лични и теснопартиски интереси. Скопје е град на сите скопјани“, се наведува во соопштението на Град Скопје испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа