ВНИМАВАЈТЕ: Се спушта магла во Македонија

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјата се одвива по влажни коловози, во западните и југозападните делови, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот.

Појава на магла има на планинските превои Страцин, Плетвар и Крушево со видливост од 50-100 метри, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија - Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

01.12.2013 - 13:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега