"Кој купува, тој убива. Речи не за производи од крзно!“

„Сега знаеш. Кој купува, тој убива. Речи не за производи од крзно!“. Под ова мото денеска здруженијата Анима Мунди од Скопје и Глас за животните од Велес денеска на плоштадот Македонија со мирен собир, симболично ќе го одбележат Светскиот ден против крзнената индустрија.

- На Светскиот ден против крзнената индустрија да речеме не на насилството, го раздвижиме духот на сочувство, поттикнеме еволуција и морална револуција, која ќе води кон целосно укинување на овие профитабилни дејности, вклучително одгледување на животните, транзит, увоз, извоз т.е. пласирање на продукти од кожа и крзно на пазарот. Модата не смее да убива, а смртта не е гламур!, велат организаторите. 

Тие велат дека  Македонија прави историски чекор напред во однос на заштитата на животните одгледувани за крзно, бидејќи државните институции, пред се, Агенцијата за храна и ветеринарство ги прифатила нивните барања за целосна законска забрана за одгледување животни за крзно.

01.12.2013 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега