Бесими на средба со генералниот директор за проширување на ЕУ
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија Фатмир Бесими, реализираше куса еднодневна посета на Брисел, при што оствари работна средба со Генералниот Директор за проширување, Кристијан Даниелсон, на која учествуваше и Директорката во истиот Директорат одговорна за Република Македонија, Александра Кас Грање.
Бесими уште еднаш се заблагодари на објективниот Извештај на Европската комисија и позитивните оценки за натамошниот напредок во реформите на Македонија и како резултат на тоа, доделувањето на петтата препорака за почеток на пристапните преговори. Беше уште еднаш нагласена нашата спремност и нашиот капацитет, во секој момент да ги започнеме преговорите за членство, но исто така, и во партнерски однос со Европската комисија, да продолжиме со дијалогот на највисоко ниво и динамизирање на реформите во сите сегменти на нашето европско општество.
Генералниот директор Даниелсон, посебно го нагласи новиот пристап на Европската комисија во делот на Управувањето со Економијата како и управувањето со јавните финансии, како дел од новините содржани во Стратегијата на за проширување на ЕУ за наредниот период. Тој ги истакна добрите резултати кои Македонија ги постигнува до сега во пресретнувањето на негативните ефекти од финансиската криза. ГД Даниелсон, исто така, информираше и за координацијата со Меѓународните финансиски институции и планираните следни чекори за поддршка и насочување на нашите реформски зафати во оваа круцијално важна сфера.
Соговорниците посебно се осврнаа на перспективите на инструментот ИПА, односно ИПА2 за периодот 2014-2020 година, при што се согласија дека овие средства и механизмите низ кои се реализираат истите, имаат не само финансиска, туку и длабоко политичка димензија, која е директно поврзана со еврпската персепктива на земјата. Соговорниците се договорија и за низа активности во насока на подобрување на апсорпцијата на тековните ИПА средства, како и за секторското насочување на ИПА средствата, за по 2014 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа