Бошковски: Ќе му покажеме на светот кој е Вардар
Тренерот на РК Вардар Андон Бошковски пред натпреварот со Барселона, изјави дека очекува тежок натпревар.
-Барселона претставува еден од најголемите ракометни гиганти изминативе 20 години, и наша цел е да го извлечеме максимумот против еден ваков исклучително квалитетен и тежок протиник. Сметам дека со дисциплинирана и организирана игра ќе се преставиме во најдобро светло, и ќе му покажеме на светот кој е РК Вардар. И покрај малиот психолошки пад по поразот од конкурентот Металург, и повредите на Растворцев и Лазаров, верувам дека со правилна ротација овој недостаток ќе се анулира, ќе одиграме машки и со полна пареа”, вели Бошковски.
Натпреварот сае игра утре од 16.15 часот.
Превземено од rkvardar.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа