Оваа сабота ќе биде работна за сите кои во средата садеа дрва

 

Од Министерството за труд и социјална политика, информираат дека оваа сабота ќе биде работен ден, бидејќи се одработува „Денот на дрвото“.

Инаку, во текот на акцијата "Ден на дрвото-Засади ја својата иднина" која се одржа оваа среда, Македонија се разубави со 5 милиони садници.

-Дванаесетта акција на „Ден на дрвото„ беше масовна и успешна. Река граѓани се упатуваа кон подготвените терени за засадување садници. Македонија засади здравје. Слоганот на кампањата на акцијата беше: „Засади здравје! Засади здрава иднина!„ Идејата беше граѓаните да се запознаат со придобивките од засадувањето садници за здравјето на луѓето, но и за животните и за сиот биосвет. Ако лекарите велат дека четири садници обезбедуваат доволно кислород за еден човечки век, а ако преку акциите на „Ден на дрвото“ досега сме засадиле вкупно 40 милиони садници, тоа значи дека сите ние како граѓани, сме се погрижиле да засадиме здравје за 10 милиони граѓани, но и за целиот биосвет, стои во соопштението од здружението Ден на дрвото.

29.11.2013 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега